Основана 1995 како мала семејна работилница за производство на текстил за домаќинство Донитекс денес прерасна во една од најпознатите компании во овој сектор во Македонија и регионот.
Посветени сме на производство на производи кои ќе ги задоволат желбите на купувачите при тоа водејќи сметка на квалитет, дизајн и професионалност.

Нашите производи се изработени од здрава и хигиенска суровина и се тестирани пред процесот на нашето производство.
Дизајните на нашите производи се работат во соработка со познати дизајнери од ЕУ (Италија, Германија, Холандија).

Во процесот на производство имаме имплементирано многу нови технологии и техники кои ни овозможуваат конкурентно, квалитетно и флексибилно производство. Нашиот тим за истражување и развој работи на постојано унапредување во сите фази со креативност, иновативни решенија и употреба на најмодерна техника и технологија.

Постојаноста на квалитетот се должи на високата обученост на вработените, беспрекорната дисциплина и најновите знаења вткаени во производниот и организациски менаџмент.
Особено внимание посветуваме на заштита на животната околина и обезбедување на пријатни и квалитетни услови за работа на вработените.

Целиот наш труд, знаење и енергија се во служба на една цел - Ваш попријатен сон.
Придружете ни се! Ајде да сонуваме заедно!